(ВИДЕО) Која е групата која упадна во Русија и што порача?
Руските власти објавија дека украинска диверзантска група во регионот Брјанск зазела две погранични села Љубечан и Сушани. Официјален Киев тврди дека се работи за руска провокација и обид на Москва да ги исплаши своите граѓани.
На социјалните мрежи се појавија две видеа од војници кои тврдат дека се на руска територија и кои имаат за цел, како што велат, да ја ослободат Русија од рускиот претседател Владимир Путин.
„Рускиот корпус на доброволци ја премина државната граница на Руската федерација. Еве доказ. Ние не војуваме со граѓаните, не убиваме невооружени. Ние борците на рускиот корпис на доброволци го снимаме ова видео од Брјанската област. Ние не дојдовме тука ако диверзантска група, туку како ослободителна армија на својата родна земја, за разлика од путиновата армија на егзекутори и насилници. Ние, не војуваме со мирните граѓани, ние дојдовме тука за да ве ослободиме“, вели рускиот корпус на доброволци.
Руски ракети ноќеска паднале врз петкатница во градот Запорожје на југот на земјата. Таму загинаа неколку цивили. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари.
Щось дивне відбувається в РФ. Весь ранок влада і пропагнадисти пишуть про українську ДРГ в Росії. Водночас в Тelegram-каналі "Русский Добровольческий корпус" з'явилося відео, що в Брянську область зайшли російські солдати, які хочуть показати росіянам, що вони "не раби" pic.twitter.com/l74h3ciJHW
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) March 2, 2023
