Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО: Кој според Трамп е основач на „Исламска држава“?

ВИДЕО: Кој според Трамп е основач на „Исламска држава“?

Републиканскиот кандидат за претседател, Доналд Трамп кажа јавно дека неговата противкандидатка Хилари Клинтон и американскиот претседател, Барак Обама се основачи на терористичката група „Исламска држава“ преку својата надворешна политика за време на првиот претседателски мандат на Обама.

Трамп со овие изјави предизвикаа негодување меѓу неговите сопартијци. Покрај противникот на претстојните избори во ноември Хилари Клинтон, Трамп го нападна претседателот на Претставничкиот дом на Конгресот, Пол Рајан и сенаторот Џон Мекејн, соопштија светските агенции.

Во говорот пред поддржувачите во Флорида, Трамп изјави дека неговата кампања никогаш не била толку обединета, но истакнатите позиции во неговата партија од последните денови зборуваат за нешто сосема друго. Конгресменот републиканец, Ричард Хана и познатиот партиски донатор и шех на ХП, Мег Витман јавно најавија дека ќе ја поддржат Хилари Клинтон на изборите за сметка на Трамп, откако Витман го нарече Трамп „авторитарен лик“ и „закана за демократијата“.

Милијардерот го навлече гневот на повеќе републиканци, откако одби да ја поддржи кампањата на Пол Рајан и Џон Меккејн за нивен реизбор односно како конгресмен од сојузната држава Висконсин и сенатор на сојузната држава Аризона.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/65F0pGKOemo[/embed]

Слично

Поврзани вести