Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Кој е терористот кој изврши напад во Париз?

(ВИДЕО) Кој е терористот кој изврши напад во Париз?

Француската полиција го уби напаѓачот Хамзат Азимов кој претходно со нож уби еден, а повреди четири  луѓе во центарот на Париз.  Се работи за 21 годишен човек од Чеченија со француско државјанство. Мотивот за нападот засега  не е познат. Одоговорноста за нападот ја презеде ИД.

„Според изјавите на сведоците, напаѓачот извикувал Алах акбар додека со нож ги бодел луѓето. Истрагата ја води  антитерористичката единица“-  изјави Франсоа Молин, јавен обвинител на Париз.

Францускиот претседател Емануел Макрон на Твитер по нападот напиша – Франција повторно плаќа со крв, но нема да им ја дадеме на непријателите слободата. Луѓето кои биле во близина сведочеа за нападот. 



Слично

Поврзани вести