(ВИДЕО) Кличко вози тенк Леопард, еве што порача
Teнковите Леопард веќе стигнаа во Украина.
Се појави видео на кое се гледа како Владимир Кличко, поранешен професионален боксер и брат на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го вози моќниот германски тенк Леопард 2.
„Никогаш не мислев дека ќе ја возам оваа мачка. Година војна во Украина. Година на страдање, но и година на волја, која е посилна од кога било“, вели Кличко во видеото.
Антон Герашченко, советник на украинското Министерство за внатрешни работи, го објави видеото на социјалните мрежи. На него се гледа како Кличко вози тенк во шумска област.
Хрватска зпочна со специјална операција преку која праќа 14 транспортни хеликоптери во Украина. Вчера се наврши една година од почетокот на руската инвазија на Украина.
"Thank you, Germany! Thank you, the free world for all you do for us Ukrainians!" - world boxing champion Volodymyr @Klitschko tried out the Leopard tanks. pic.twitter.com/P7zPWj1cX7
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 25, 2023
