(ВИДЕО) Ќе исчезнат од лицето на земјата: Овој остров тоне најбрзо на светот
Кирибати се островска држава кои се состојат од 33 острови (од кои само 20 се населени) познати по тиркизното море, рајски плажи а од неодамна и како прва жртва на растот на нивото на океаните поради глабалното загревање.
Кирибатите на кои живеат 114 000 луѓе почнале буквално да тонат. Селата ги покрива море кое од дена на ден, зависно од годишниот период и струја, полека голта се пред себе - згради и онаа малку обработлива површина која жителите на островот со генерации ја култивираат.
Конзервативните проекции на еколозите се занимаваат со глобално загревање од 1.5 до 2 Целзиусови, а досегашното загревање од само половина степен се покажало како почеток на апокалипсата за народот поради кој неодамна е воведен терминот „климатски бегалци“.
Уште во 2008 година тогашниот претседател Аноте Тонг рекол дека дошле до точка „од која нема назад, и дека е болно да се планира денот, кога, буквално ќе ја немаат својата земја“, а веќе во 2013-та рекол дека е време за планирање на масовни миграции.
Колку е сериозна навистина ситуацијата покажува и тоа дека Тонг во 2014 купил 20 квадратни километри земја на островот Вануа Лебу (Фиџи), оддалечена 2000км, каде ќе се преселат жителите кога морето ќе ја проголта селото, а до тогаш таму се одгледува храна.
„Се почесто големи плими и жестоки бури, поплави, екстремни суши се додаток на нашите животи со кои досега не сме се соочувале. Порастот на нивото на морето ги загадува нашите извори на питка вода, земјата ја прави ненаселена бидејќи на неа повеќе не може да расте ниту кокос, а нашите брегови се менуваат секој ден. Ни велат, ладнокрвно, како можеби дошло време да го напуштиме нашиот остров, места каде се закопани нашите предци и каде нашите деца имаат дом и идентитет“, пишува во својот коментар Аноте Тонг.
Тој се осврнал на лицемерието на големите и моќни бидејќи поради нивната инерција секогаш прво настојуваат сиромашните и помалите.
„Не само што Америка се повлече од Парискиот договор за климатски промени, веќе се шушка дека тоа ќе го направи и нашиот „голем брат“, еден од најлошите загадувачи на планетата, Австралија. Тие се една од ретките држави чија емисија на гасови не отпаѓа, не стагнира, туку расте, и која со тоа покажува дека воопшто не им е до народот и државата на Пацификот, нивните први соседи. Како и САД, Австралија потфрли како регионален лидер и заштитник.
