Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЌЕ БИДЕ НОВОТО КИНЕСКО ЧУДО: Пекинг се подготвува за најголемиот светски аеродром

(ВИДЕО) ЌЕ БИДЕ НОВОТО КИНЕСКО ЧУДО: Пекинг се подготвува за најголемиот светски аеродром

Досега многупати Кинезите се надминале себе си со технологија , разни згради и објекти а овој пат на светот му подготвуваат ново чудо.

Дефинитивно ќе ја остават планетата без зборови со најголемиот светски аеродром за превоз на патници - Даксинг кој се наоѓа во близина на кинеската престолнина Пекинг 

За шест дена или на 30 септември овој аеродром ќе ги отвори вратите за патниците ширум светот.

Дизајниран е од покојната Заха Хадид и веќе ги поминал сите тестови пред да биде пуштен во употреба.

Аеродромот Даксинг е наречен „ѕвездена рипка“ заради шесте „крилја“ распослани околу огромната централна сала. Архитектурата е намерно дизајнирана да им заштеди на патниците долг пат и големи растојанија.

Погледнете го видеото на овој аеродром кој и вас ќе ве остави без зборови.


Слично

Поврзани вести