(ВИДЕО) КИРИЈА ЧИНИ САМО 60 ЕВРА: Ова е најевтината држава во светот
Најевтина земја на светот е Пакистан.
Како што објави „Светот на статистиката“, Пакистан е прогласен за најевтина држава во светот. Џош Ларкин од YouTube каналот „The BurntChip“ одлучи ова да го провери. Тој заминал во најголемиот град во Пакистан, Карачи. Градот е главното пристаниште и финансискиот центар на Пакистан, иако главен град на земјата е Исламабад. Во Карачи Ларкин разменил една британска фунта, околу 1,2 евра и добил 400 пакистански рупии. Сакаше да провери што може да купи со оваа сума за еден ден.
Своето искуство во Карачи го снимил со камера, а таа снимка на „Јутјуб“ веќе има повеќе од 2,5 милиони прегледи. Прво го зел традиционалниот пијалок „doodtha“ кој се прави од млеко, шеќер, мраз и сода и чини 30 рупии. За ручек јадеше „биријани“, зачинето јадење со ориз, компири и пилешко и пиеше газиран сок „пепси“ за само 30 центи, а за вечера уживаше во ражничи од морска храна за кои платил 22 центи. Дознал дека изнајмувањето стан во тој град чини околу 50 британски фунти или 60 евра, што е најмалку пет до десетпати поевтино отколку во повеќето европски градови.
Во Карачи се обидел да јава камили, возел тук-тук и го гледал танцот на отровните змии на звукот на флејти. Тој платил само три центи за автобуски билет.
Магазинот CEOLOAD во 2020 година објави дека Пакистан, Авганистан, Индија, Сирија и Узбекистан се најевтини држави во светот.
foto Wikipedia/Wasifff
