Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Кир Стармер го имитираше Макрон, сите се смееја

(ВИДЕО) Кир Стармер го имитираше Макрон, сите се смееја

Британскиот премиер Кир Стармер на комичен настап во Лондон, се потсмеваше на претходен гест на францускиот претседател Емануел Макрон, ставајќи очила.

Стармер излезе на сцената со темни очила за сонце, моден белег што Макрон го привлече минатата недела во Давос. Кратко изговори „Бонжур“(добар ден). Публиката реагираше со смеа.

Моментот беше дел од шоуто „Политичката партија во живо“ во лондонски театар, со разговор пред публика.

Францускиот претседател ја изненади јавноста со очила за сонце на состанок на светските лидери на Светскиот економски форум во Швајцарија.

Подоцна, француски медиуми ја објавија причината. Макрон сакал да прикрие пукнат крвен сад во окото.

foto printskrin 


Слично

Поврзани вести