Видео: Кинезот кој чекореше на раб на облакодери ја сними својата смрт
Кинескиот каскадер Ву Јонгнинг кој стана атракција на социјалните мрежи изведувајќи екстремни егзибиции на врвовите на облакодерите конечно се соочи со последниот акт. Тој ја сними својата смрт, на зграда висока 62 спрата во градот Чангша.
Јонгнинг сакаше да изведе опасна егзибиција на правење „згибови“ на самиот раб на еден од балконите, по што изгуби контрола и се лизна.
Смртоносниот инцидент се случил во ноември, но кинеската полиција дури сега го потврди смртниот случај откако неговите фанови вршеле притисок да се открие што е со неговата судбина бидјеќи подолго време немало ново објавено видео.
Јонгнинг досега снимил 300 видеа со опасни каскадерски потези, но и не е првиот модерен каскадер со селфи фотки и видеа на социјалните мрежи кој загинал на ваков начин. Овој тренд на акробации за привлекување на внимание на Facebook или другите мрежи станува се поопасен и поголем број на млади луѓе ги губат своите животи.
