Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Кинезите за само 28 часа изградиле 10 катница

(ВИДЕО) Кинезите за само 28 часа изградиле 10 катница

Кинeзите за еден ден, односно за само 28 часа изградиле 10 катница. 

Деловите од секој кат биле подготвени во фабрика, и префрлени со камион до крајната дестинација, каде што истите беа монтирани. Кинеската компанија „Broad Group“ е позната по своите рекордни градби и од минатото, односно по изградбата на болници, хотели и канцелариски објекти.

„Сите составени делови беа префрлени со камион и беа монтирани на лице место со кранови, во период од само 28 часа и 45 минути. Апартманите веднаш биле снабдени со електрична енергија и вода за пиење“, изјавиле од компанијата.

Во екот на пандемијата, Кинезите експресно градеа болници. 


Слично

Поврзани вести