(ВИДЕО) Кинезите со ново чудо го надминуваат светот
Новиот пекиншки меѓународен аеродром ќе почне со пробна работа во октомври 2019 та година, соопштија локални претставници.
Инжениерските проекти ќе бидат завршени во јули 2019-та а пробната работа ќе почне три месеци подоцна.
Аеродромот кој се наоѓа 46 км јужно од центарот на Пекинг, е дизајниран да го намали притисокот од прекумерно преполниот Меѓународен аеродром во Пекинг, кој се наоѓа во североисточните предградија. Се наоѓа на границата помеѓу округот Дакинг и Лангфанг, град во провинцијата Хебеи.
Зградата на аеродромот, со површина од 313 000 квадратни метри, се состои од централен дел и пет краци, слично како на феникс кој ги шири крилјата.
Ќе има четири писти и 620 000 летови годишно. На годишно ниво ќе може да опслужи до 100 милиони патници и 4 милиони тони терет годишно.
Аеродромот е оддалечен 67 км од меѓународниот аердром во Пекинг. China Eastern Airlines и China Southern Airlines ќе бидат главни превозници за аердромот.
