Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) КИНЕЗИТЕ КУПУВААТ ВОЗДУХ: Канаѓаните се сетија како да заработат пари!

(ВИДЕО) КИНЕЗИТЕ КУПУВААТ ВОЗДУХ: Канаѓаните се сетија како да заработат пари!

Канадска компанија која од шега почнала во шишиња да пакува свеж воздух Роки Монтајнс, доживеа нешто сосема неочекувано-производот во Кина е распородаден за само четири дена, а се поради загадениот воздух во таа земја.

Фирмата „Виталити ер“ е основана минатата година во канадскиот град Едмонтон, а воздухот почнале да го продаваат во Кина пред помалку од два месеци.

„Пратката од 500 шишиња свеж воздух е распродадена за четири дена“, рекол ко-основачот на фабриката Мосес Лам, за британски телеграф.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/vitalityair/status/675344501867679744?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

После тоа испратиле нова пратка од 4000 шишиња од кои повеќето се веќе продадени.

Шишињата „наполнети“ со воздух од Националниот парк Банф се продаваат по 15 долари што во Кина е отприлика 50 пати поскапо од шишето минерална вода.

Повеќето купувачи живеат во големите градови на свероистокот и на југ од земјата каде предупредувањата за тешкото загадување на воздухот станало секојдневие. Државната новинска агенција Ксинхуа објави неодамна фотографии од градскиот центар кој речиси и не се гледа од смогот.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/1xhppHAI7C8[/embed]

Ова не е прв пат кинеските граѓани да купуваат свеж воздух. Минатата година пекингскиот уметник Лианг Кеганг за 770 долари продал стаклено шише кое го „наполнил“ на службен пат во Франција. Мултимилионерот Чен Гуангибао во 2013 продал низа лименки исполнети со воздух за помалку од долар за парче.

Лам признал дека фабриката ја покренале на шега, а чист воздух продаваат и во Северна Америка, Индија и на Блискиот исток. Но Кина е нивниот најголем пазар и како тргнало, интересот не паѓа.

Слично

Поврзани вести