(ВИДЕО) Кинезите измислија автомобил што се управува со мисли
Научници од Кина измислија автомобил кој ќе може да се контролира преку мисли.Со сигнали од мозокот возачите ќе можат да го контролираат забрзувањето, кочењето и другите основни функции на автомобилот.
Со помош на специјална опрема за читање на мислите, со само неколку сконцентрирани мисли новите автомобили ќе може да се движат напред и назад.
Според тимот на новиот изум, возачите нема да мора да размислуваат исклучиво за контролирање на возилото додека возат, туку само повремено, кога на пример ќе менуваат брзина или лента.
Нема да има механизам за вртење, што значи дека нема да може да се врти воланот лево или десно само со помош на мислите, но ќе може со помош на концентрација да се отклучува и заклучува возилото.
На научниците им биле потребни 2 години за да ја развијат оваа технологија, а се уште не се знае дали и кога ќе се појави на пазарот.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=6g-EPsKINyg[/embed]