(ВИДЕО) Кинезите го вивнаа „змејот“ C919-Конкурент на „боинг 737“ летна во небо
Кинескиот патнички млазен авион C919, конкурентот на „боинг 737“ и „ербас А320“ за прв пат се вивна во небото на Шангај во летот кој беше одложува долго време.
Агенцијата Ројтерс наведува дека ова бил голем чекор за власта во Пекинг во нивното настојување да ја зајакнат позицијата на Кина на глобалниот авио-пазар.
Авионот е клучен симбол на кинеските амбиции земјата да се уфрли на глобалниот пазар на млазни патнички авиони, з акои се проценува дека ќе бидат вредни два билиони (2 милијарди) долари во наредните 20 години.
C919 го направила кинеската државна компанија COMAC, а неговиот прв лет поради производни прашања двапати е одложуван од 2014 година.
Слично
