(ВИДЕО) Кинески лекари заиграа од среќа: Излекувале илјадници заболени од коронавирусот
Медицински персонал од една болница во југоисточната кинеска провинција Анхуеј од среќа заиграл во дворот откако повеќе излекувани пациенти се пуштени од болница.
Со денови против коронавирусот неуморно се бореле на „првата линија на фронтот“ а потоа земале и момент одмор и изиграле дел од балетот Лебедово езеро.
Од таа болница во краток рок се отпуштени шест пациенти, а во целата земја се излекувани 32 000 пациенти, пренесува South China Morning Post.
Нивниот радосен танц допре до многумина корисници на Интернет.
-Неодоливи се и заслужуваат целосна почит“, „Тие се вистински ангели“, се само дел од коментарите за овој потег на кинеските лекари.
Foto: Printscreen Youtube/CGTN
Слично
