(ВИДЕО) Кинеската болница се изгради за 10 дена и започна со работа
Кина изгради огромна болница во импресивен временски интервал од 10 дена. Болницата сега работи исклучиво за пациенти заболени со фаталниот коронавирус. Има капацитет од 1.000 кревети и вработува 1.400 доктори и медицински сестри.

Импресивни се сликите од изградбата на голема болница во градот Вухан, кој е срцето на смртоносниот коронавирус. Кинеската јавна телевизија објави видео како со темпото на работа се гради објектот за неверојатен временски период. Во него ќе добијат третман пациенти на кои им е дијагностициран коронавирус.

Изградбата на болницата започна на 24 јануари и вчера, на 2 февруари, започна со работа по деноноќната интензивна работа на оперативата.
Слично
