Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) КИНА: Затрупуваат патишта и тунели а коваат и станови со даски за да не избегаат заразените со коронавирусот

(ВИДЕО) КИНА: Затрупуваат патишта и тунели а коваат и станови со даски за да не избегаат заразените со коронавирусот

Пусти улици и градски превоз, празни рафтови во продавниците, блокирани патишта и роботи кои им носат храна на пациентите за кои има сомневања дека се заразени од коронавирусот, се слика и прилика на сеопштата паника која завладеа во кинеските провинции откако вирусот пона да носи човечки животи.

Според најновите податоци, од овој вирус умреле 170 луѓе, а се проценува дека се заразени повеќе од 7.800. Неработните денови околу државните празници и училишниот распуст се продолжуваат за да се спречи ширењето на опасниот вирус, а серијата мерки преземени од тамошните локални власти од ден на ден, предизвикаа ширење на паника кај граѓаните.


Колку луѓето се згрозени од коронавирусот, можеби најдобро покажуваат снимките снимени на улиците и во урбаниот превоз, што во целост е во спротивност со сликата што ја имаме од кинеските градови.

Улиците се апокалиптично пусти, возила речиси и да нема, а во метроата може да се види по некој човек со маска...

Фотографијата на празни седишта од авионот што лета од Шангај до Пекинг е одлична илустрација за тоа колку сериозно биле предупредувани Кинезите да не патуваат непотребно, бидејќи сега е време од годината кога се најголемите гужви.

Помалку тажна и плашливо видео е направено од една повеќекатница во Вухан, епицентарот на заразата во кој на граѓаните им е забрането да излегуваат од дома без потреба, предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.


Од своите прозорци граѓаните си довикуваат "Jiayoi", што во превод значи „Издржи“ ...

И случајот со неодговорен Кинез, кој одби да го напушти својот стан и да биде тестиран за инфекција, покрена аларм во зграда во Вухан.


Имено, соседите лути од неговата одлука да ја игнорира контролата, дошле пред неговата врата со скелиња, штици, чекан и даски и - го блокирале неговиот излез!

Надлежните ја сфатија одлуката на властите да не ги напуштат градовите заради брзото ширење на заразата пресериозно, па затоа направија блокови од цигли, бетонски блокови, жици и разни огради на патиштата кои водат надвор од градот.

На една фотографија е прикажан тунел затрупан со земја за да се спречи влегување и излегување од градот.

Слично

Поврзани вести