(ВИДЕО) КИМ ПАК ГО ШОКИРА СВЕТОТ: Гради луксузен комплекс за странски туристи, но ќе ви треба храброст за да го посетите
Врховниот лидер на Северна Кореја дал бизарна најава во време кога Пјонгјанг се подготвува да ги прати спортистите на Зимските олимписки игри, во кои домаќин ќе биде Јужна Кореја.
Ким Џонг Ун тврди дека во Кангвон, област која се користи за тестирање на ракети ќе биде изградено луксузно одморалиште.
Според зборовите на портпаролот крајбрежното туристичко подарчје Вонсан-Калм ќе ја задоволи побарувачката на домашните и странски туристи.
Северна Кореја очајнички се обидува да пронајде нови начини да ја поттикне економијата која ја осакатија санкциите на ОН.
Но, американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека ќе продолжи да го намалува приливот на девизни средства во земјата.
Минатата година, Трамп им забрани на Американците да ја посетуваат Северна Кореја откако комунистичката нација тестирала неколку интерконтинентални балистички ракети.
Низа тестирања ги натераа САД да испратат бомбардери на полуостровот, а се очекува тие наскоро да бидат опремени со нуклеарни бомби.
