Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Ким испали ракета, Трамп полуде, на Путин му е сеедно

(ВИДЕО) Ким испали ракета, Трамп полуде, на Путин му е сеедно

Северна Кореја испали неидентификуван проектил од регионот во близина на својот западен брег, а претседателот на САД Доналд Трамп веднаш побара остри санкции против Пјонгјанг и ја повика и Русија да се огласи.

Ракетата, за која се претпоставува дека е балистичка е ланисрана во регионот Кусонг, лоцирана северозападно од Пјонгјанг, во областа каде Северна Кореја претходно тестирала ракета од среден домет, која, како се верува, се развива.

Трамп, кој кон крајот на април предупредува дека е можен „многу, многу сериозен конфликт“ со Северна Кореја, сега изјави дека не може да замисли дека Москва е задоволна со оваа последна проба бидејќи ракетата паднала поблизу до Русија отколку до Јапонија.

Во соопштението на Белата куќа се наведува дека лансирањето на ракетата послужило како повик за сите држави да воведат строги санкции спрема Северна Кореја, а американското министерство за финансии ги разгледува сите расположливи средства за скратување на сите пристапи на меѓунардони финансиски системи на таа држава.

Кина повика на воздржаност и сите земји да не прават ништо што би ги зголемило тензиите, откако Северна Кореја лансирала балистичка ракета.


Слично

Поврзани вести