Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) КИМ ДРСКО СЕ ЗАКАНУВА: Британија ја чека беден крај ако им се придружи на вежбите на САД и Јужна Кореја

(ВИДЕО) КИМ ДРСКО СЕ ЗАКАНУВА: Британија ја чека беден крај ако им се придружи на вежбите на САД и Јужна Кореја

Северна Кореја ја предупреди Велика Британија дека ја чека „беден крај“ ако учествува во воените вежби со САД и Јужна Кореја.

Британските сили моментално не учествуваат во воените вежби на Јужна Кореја и САД кои почнаа во понеделникот, а кои ќе траат до крајот на август.


Во соопштението кое го пренесе севернокорејската новинска агенција КЦНА е наведено дека Вашингтон и Сеул се „воени поттикнувачи“ а дека нивните годишни воени вежби се „провокација“.


КЦНА наведува дека воените вежби покажуваат дека Вашингтон е подготвен да нападне.

Воените вежби на Јужна Кореја и САД се изведуваат во ек на тензии на Корејскиот полуостров после заканите на Северна Кореја дека ќе испука две балистички ракети.


Северна Кореја претходно предупреди дека би можела да испали ракети во насоки на американскиот остров Гуам во Пацификот , додека американскиот претседател му вети на Пјонгјанг дека ќе се соочи со „оган и бес“.

Слично

Поврзани вести