(ВИДЕО) Киев се прости од познат балетан кој загина на бојното поле во Доњецк
Во Киев e погребан Олександр Шаповал, познат балетан кој загина на бојното поле.
Откако руските трупи се повлекоа од Киев, Шаповал се борел во источниот регион Донбас. Тој загина во руски минофрлачки напад во близина на Мајорск во Доњецк, на 12 септември.
Стотици луѓе во главниот град на Украина денеска се простија од познатиот украински балетан Олександр Шаповал, првенец на Националната опера и истакнат уметник, кој пред неколку дена е убиен во борбите против руската војска во источна Украина. Ден по руската инвазија врз неговата земја, тој доброволно се пријавил во војска за да ја татковината.
Двете ќерки на Шаповал, кои се тинејџерки, беа меѓу луѓето кои му оддаваа почит. 47-годишниот Шаповал бил балетан во Киевската опера од 1994 година. Се пензионирал и почнал да предава танц во 2021 година.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко откако почна инвазијата на Украина кажа дека е пријатено изненаден затоа што многу јавни личности, лекари, пејачи, актери се пријавиле да ја бранат државата.
Фото: Јутјуб/принтскрин
