Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Киев повторно гори – убиени тројца демонстранти!

(ВИДЕО) Киев повторно гори – убиени тројца демонстранти!
Тројца демонстранти се убиени во обновените судири меѓу демонстрантите и полицијата на улиците на Киев, тврдат претставници на украинската опозиција. Најмалку 150 демонстранти се повредени, од кои 30 потешко. Ситуацијата во главниот град на Украина повторно ескалираше - демонстрантите ги палат улиците, фрлаат со камења и молотови коктели врз полицијата, а таа возвраќа со гумени куршуми. Меѓутоа локални медиуми јавија дека во одредени делови на градот бил отворен и снајперски оган кон демонстрантите. Драматично е и во украинскиот Парламент. Опозиционерите ја запоседнаа говорницата и ја прекинаа седницата по потврдата дека Русија е подготвена да откупи две милијарди од украинскиот долг до крајот на неделава. Опозицискиот лидер Виталиј Кличко го повика украинскиот претседател Виктор Јанукович да ја повлече специјалната интервентна полиција од улиците на Киев за да се смири ситуацијата. Според официјална Москва, за насилството во Украина е одговорна „западната политика“. „Она што во овој момент се случува во Киев е одраз на политиката што ја спроведуваат западните политичарии и европските структури. Тие од почетокот на кризата замижуваат пред насилството што го вршат радикалните сили во Украина, поттикнувајќи ескалација на насилството и провокација на легалната власт“, стои во соопштението од руското МНР. Еве како е во Киев денеска: http://www.youtube.com/watch?v=9SRkDV-uLYk http://www.youtube.com/watch?v=b4CtHH-5CUk&list=UUFU30dGHNhZ-hkh0R10LhLw&feature=c4-overview
Слично

Поврзани вести