(ВИДЕО) КИЕВ НА УЛИЦИТЕ: Бараат оставка од градоначалникот Кличко и помали трошоци
Околу 2000 демонстранти, а очевидци велат дека се 5000 се упатиле денеска на централните улици на Киев кон зградите на владата и парламентот, барајќи оставка од градоначалникот, повеќесветскиот шампион во бокс Виталиј Кличко и намалување на градските трошкови.
Организаторите на демонстрациите претходно најавија прошетка од зградата на градската управа до зградата на владата и Централната банка, јавуваат агенциите.
Жителите на Киев протестираа против градските власти и на 28 јануари, кога е одржан огромниот митинг поради тешките социјалните услови, каде се собраа неколку илјади луѓе.
Поради сериозноста на протестот, пред граѓаните, тогаш излезе и самиот градоначалник, кој рече дека животот е тежок и дека сите се пред многу предизвици.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=Iq8eaUqXGLo[/embed]
