Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Кери во Багдад бара промени во ирачката Влада, ИСИЛ не отстапува!

(ВИДЕО) Кери во Багдад бара промени во ирачката Влада, ИСИЛ не отстапува!
Со порака за поголема инклузивност, па дури и за промени во ирачката Влада во Багдад допатува американскиот државен секретар Џон Кери. Пораките на Кери се одраз на незадоволството на Вашингтон од начинот на кој до сега Владата на премиерот Нури ал-Малики се справува со кризата во Ирак. Но, од друга страна, мисијата на Кери во Ирак има за задача да увиди на кој начин САД можат да помогнат на ирачката Влада во справувањето со екстремистите од радикалната „Исламска држава на Ирак и Левант“, кои контролираат се поголем дел од ирачката територија. Мисијата на Кери во Багдад и неговите средби се држат во тајност од безбедносни причини. Тој вчера од Египет порача дека „идеологијата на насилство на ИСИЛ претставува опасност не само за Ирак, туку и за целиот поширок регион“. http://www.youtube.com/watch?v=0bYlNB8emiE Нападите на екстремистите од ИСИЛ не престануваат, ниту се смалуваат во интензитет. Радикалите веќе го држат под контрола аеродромот во Тал Афар, со што практично отсекоа еден поголем дел од ирачката територија. Исто така, утрово на југот на земјата нападнале конвој со кој е пренесувале затвореници, при што убиени се меѓу 30 и 70 лица. Ирачката војска во тотален колапс, џихадистите му се заканија и на Балканот?
Слично

Поврзани вести