Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Казна за саудиски свештеник кој рече дека жените имаат четвртина мозок

(ВИДЕО) Казна за саудиски свештеник кој рече дека жените имаат четвртина мозок

Саудискиот свештеник кој ги навреди жените не смее да држи верски обреди. 

Ова е казна за неговото однесување. Тој претходно изјави дека на жените не треба да им биде дозволено да возат затоа што имаат четвртина мозок од мажот. 

Саад Ал Хиџири е суспендиран од сите верски активности во јужната саудиска провинција Асир, откако неговите зборови предизвикаа лавина на реакции на социјалните мрежи во оваа ултраконзервативна земја каде што се применува строга верзија на исламот.

На видеото на кое што Хиџири се претставува како висок верски претставник, објаснува дека жените обично имаат „половина од мозокот на мажот“, но немаат повеќе од „четвртина“ кога одат на шопинг. 

Хиџири подоцна се правдал дека станува збор за лапсус, но неговите зборови се жестоко осудени од активистите за правата на жените, како и од некои поконзервативни кругови во Саудиска Арабија.

Во земјата и ден денес,  жените немаат право да возат автомобил, а на јавните места мора да се држат што подалеку од сите мажи кои што не се дел од нивното семејство. Во рестораните има одвоени делови за семејствата и за мажите кои што не се оженети.


Слично

Поврзани вести