Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Катастрофа во Ѓенова!

(ВИДЕО) Катастрофа во Ѓенова!
Ненадејни и силни поплави го зафатија италијанскиот град Ѓенова денеска предизвикани од голема бура. Едно лице го загуби животот, а надојдената вода предизвика хаос во градот. Поплавите со себе носеле автомобили, дрвја и електрични столбови, а улиците ги оставаат прекриени со кал и ѓубре. http://www.youtube.com/watch?v=fq6tJ281Zuc Во центарот на градот, висина на водниот бран достигнала два метри. Дел од централните градски подрачја се евакуирани, а цивилната заштита ги советувала останатите граѓани да останат на повисоките катови на домовите. Училиштата, универзитетите и пазарите се затворени денеска, а од населението се бара да избегнува употреба на автомобилите. Сообраќајот е забранет на неколку клучни сообраќајници во градот. Последните слични поплави во Ѓенова беа во 2011 година, кога шест лица го загубија животот, а градот претрпе огромна штета.
Слично

Поврзани вести