Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) КАТАР ПО НАПАДОТ ОД ИРАН: Ќе одговорат, во Доха луѓето панично бегаа

(ВИДЕО) КАТАР ПО НАПАДОТ ОД ИРАН: Ќе одговорат, во Доха луѓето панично бегаа

Иран го уверува Катар дека американската воена база Ал-Удеид, најголемата на Блискиот Исток, врз која беа испукани ирански ракети, е далеку од станбени области и дека нападот не претставува никаква опасност за „братската и пријателска земја Катар и нејзините жители“.

„Иран е посветен на одржување топли односи со Катар“, се наведува во соопштението на Врховниот совет за национална безбедност на Иран.

Се додава дека операцијата против американските сили во воената база Ал-Удеид била успешна и дека „бројот на испукани ракети е еднаков на бројот на бомби што САД ги користеа во нападот врз нуклеарните објекти на Иран“.

Иранската револуционерна гарда издаде соопштение во кое се наведува дека пораката на Иран до Белата куќа и нејзините сојузници е „јасна и недвосмислена“.

Немаше жртви во иранскиот напад врз американската база Ал-Удеид, објави Катар.

Катар дополнително објави дека го задржува правото на директен одговор во согласност со меѓународното право. Според нив, ПВО пресретнала ирански ракетен напад.

Министерството, исто така, објави дека воздушниот простор и територијата на земјата се „безбедни“.

Сметаат дека ова е грубо кршење на суверенитетот на Државата Катар, нејзиниот воздушен простор, меѓународното право и Повелбата на ОН. 

Жителите на Доха вечерва се во паника кога иранските ракети го погодија американскиот воен комплекс Ал Удеид, најголемата американска база на Блискиот Исток. Видео снимки од трговски центар во главниот град на Катар кружат на социјалните мрежи, прикажувајќи луѓе како бегаат. 


Слично

Поврзани вести