Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) КАЛИФОРНИЈА ВО ПЛАМЕН: Од 500 куќи остана само пепел

(ВИДЕО) КАЛИФОРНИЈА ВО ПЛАМЕН: Од 500 куќи остана само пепел

Претседателот на САД, Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во Калифорнија поради пожарите во кои изгореа најмалку 500 куќи, а евакуирани се над 212.000 жители.

Според непотврдени информации има и една жртва, жена чие тело е пронајдено во пожарот. Пожари има во Сан Диего, северно од Лос Анџелес и Санта Барбара. Над шест лица се повредени, но и четири пожарникари. 


Најмалку 450 коњи се пуштени од шталите за самите да се спасуваат од пожарот. Над 25 од нив не успеаја да се спасат, потврдуваат властите. Пожарот го гаснат 8.700 пожарникари, меѓу кои и волонтери од соседните држави. Огнот ги зафати и елитните делови на Лос Анџелес, од каде забрзано се спасуваа уметничките дела и другите скапоцености. Силните пустински ветрови дополнително ја влошуваат состојбата и придонесуваат пожарот да се шири со огромна брзина. 


Слично

Поврзани вести