(ВИДЕО) Каква случајност: Гореше џамијата Ал Акса во Ерусалим во исто време кога гореше и катедралата Нотр Дам во Париз
Една од структурите на џамијата Ал Акса во Ерусалим беше погодена од пожар во понеделникот , истата ноќ кога гореше и катедралата Нотр Дам во Париз. Пожарот беше брзо изгаснат и никој не беше повреден, објави РТ.
Пожарот избувнал во собата на еден од чуварите, која се наоѓа во близина на покривот на собата за молитва .
Пожарникарите интервенирале многу бргу и затоа нема поголеми оштетувања.
На снимките објавени на социјалните мрежи, чадот се издигнува над оваа соба, позната како Соломон штанд.
Инаку, Џамијата Ал Акса е трет најважен објект во исламот.
Слично
