(ВИДЕО) Како се славеше Нова година ширум светот
Со засилени безбедносни мерки и во сенка на страв од тероризам, Европа и светот ја дочекаа Новата година.
Во дел од европските метрополи новогодишната ноќ се славеше со шампањ и спектакуларни огномети, а други плоштади беа полупразни и тивки.
Во Брисел новогодишната ноќ помина без традицоналниот огномет,a Париз новогодишнанта ноќ исто така помина под силна безбедноста контрола.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=UlQVBI9SVJg[/embed]Во Њујорк беше поопуштено, а неколку минути пред Нова година, Џеси Џеј ја испрати старата година со песната Imagine од Џон Ленон, пуштајќи се на кристална топка на Тајм Сквеар.Сепак, за безбедноста во метрополата беа ангажирани 6000 полицајци и тајни агенти.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=mTLB14x6eo0[/embed]Насекаде низ светот, стравот од тероризам, значеше и зголемени безбедносни мерки и откажувања за настани од јавен карактер во некои земји.
Полицијата во Минхен, Германија нареди евакуирање на две железнички станици, поради планиран терористички напад. И во Москва, беше затворен исконскиот Црвен плоштад.
Подалеку од Европа немаше голем страв од напади и прославата мина во нормална празнична атмосфера.
Почетокот на Новата година во Сиднеј беше одбележан така што Сиднејскиот мост беше осветлен и блескав со неверојатниот огномет.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/94BE-4D7fFI[/embed] Во Лондон, Велика Британија [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/bmZ2bpJKXUI[/embed] Во Токио, Јапонија [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/KeQs0R6cKSE[/embed]