(ВИДЕО) Како се одвиваше апсењето на убиецот на српскиот навивач на Црвена Звезда
Турската полиција вчера го приведе осомничениот за убиството на навивачот на Црвена Звезда пред натпреварот со Галатасарај и црвено-белите.
Некои од камерите на тамошните ТВ станици го снимиле моментот на влегување на осомничениот со инспекторите во болница. Како што наведуваат медиумите, убиецот е турски државјанин, а го предал некој од веќе уапсените навивачи, кои учествувале во нередите во петокот пред сала „Абди Ипекчи“.
Наводно, осомничениот се криел на непозната адреса, но во текот на попладнето е уапсен, иако полицијата имала проблеми со идентификацијата гледајќи ги снимките околу салата поради темницата и факелите.
(Извор: телеграф.рс)
Слично
