(ВИДЕО) Како се апсеше Ел Чапо – мексиканскиот крал на дрогата
Странските медиуми објавија снимка на која се гледа како безбедносните сили го приведуваат Хоакин Гузман, лидерот на најголемиот нарко картел во Мексико. На снимката се гледа нарко-босот, познат уште како „Ел Чапо”, како го пренесуваат до полицискиот хеликоптер, а тој со бела крпа си го крие лицето.
Инаку, полицијата шест месеци трагаше по најголемиот нарко-бос, откако тој успеа да избега од затворот „Алтиплано” преку ископан подземен тунел. Тунел бил долг 1,5 километри, а водел од неговата келија до една зграда надвор од затворот.
Гусман вчера прво и избегал на потерата преку канал од канализација, но потоа бил фатен кога се обидел да избега со автомобил, информира мексиканската Влада. При апсењето пет лица се убиени, а еден маринец бил ранет. [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/VhIf38AfqAo[/embed]
Слично


