(ВИДЕО) Како научна фантастика – ова е најголемиот соларен парк во светот!
Големата површина на пустината Мохаве во САД, која некогаш беше дом на желки и којоти, сега со помош на речиси 350.000 огледела е претворена во најголемата соларна електрана во светот.
Системот за собирање енергија Ајванпах се протега на површина од речиси 13.000 квадратни километри државна земја, во близина на границата меѓу сојузните држави Калифорнија и Невада. Соларната централа официјално беше отворена вчера, по повеќе години борба за да се пресели заштитениот вид на желки кој живеел на ова подрачје и по деталната проверка на ефектите врз растителниот свет.
Комплексот е вреден 2,2 милијарди долари и е во сопственост на компаниите NRG Energy Inc., Google Inc. и BrightSource Energy, а може да произведе 400 мегавати електрична енергија – доволно за да снабди 140.000 домови. Еве како изгледа ова соларно „чудо“:
http://www.youtube.com/watch?v=gbC19tiFwAc
Слично
