Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Како изгледа животот во Исламската држава

(ВИДЕО) Како изгледа животот во Исламската држава

Една Сиријка со скриена камера го снимила секојдневието во градот Раки кој е под контрола на Исламската држава.

Снимката е направена во фебруари и април, а сега ја објави телевизискиот канал Франс 2.

Снимката брзо се прошири на интернет, и на социјалните мрежи, па за кратко време ја прегледаа неколку милиони луѓе ширум светот.

На неа се гледа дека сите мажи во овој град се наоружани, а она што изненадува е дека калашников не е реткост ни во рацете на жените. Така на видеото е прикажана и мајка која води наоружани деца на игралиште.

Во еден момент на авторката на видето и пријдел еден минувач и ја предупредил дека не го прекрила добро лицето.

Сепак, она што на многумина им привлече внимание и остана највпечатлива е сцената од еден интернет кафич во кој жените кои им се придружиле на своите мажи борци, разговараат со роднините во Франција кои бесуспешно се обидуваат да ги наговорат да се вратат.

Слично

Поврзани вести