(ВИДЕО) Како ИСИС стана најмоќната терористичка група?
Една од најдобро финансираните терористички организации, ИСИС е позната по своите брутални дејствија и крвопролевања на териториите што ги поседува во Сирија.
Исламската држава во моментов е најмоќната терористичка група во светот.
Нејзиниот најсилен подем и проширување започнува во 2014.
Секојдневното богатење на ИСИС е една од главните фактори за брзиот подем на организацијата.
Исламската држава секојдневно заработува по 2 милиони долари од продажба на нафта од запленетите територии.
Тоа и овозможува да е опремена со најсовременото оружје. Дополнително, пропагандата што ИСИС ја шири интернет и овозможи да го зголеми своето влијание и да привлење многу приврзаници..
„ИСИС е производ на геноцидот во Сирија. Граѓанската војна во Сирија беше најголемиот подарок за ИСИС. “ - вели Али Кедери, специјален советник на привремената коалициска власт во Ирак.
Како се започна? Како влијанието на ИСИС порасна толку брзо?
Со критичко сведочење од информирани инсајдери и експерти од три континенти, како и со оригинални снимки од Сири ја и Ирак, овај документарец одговара на овие прашања.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=xsHrULpYeFk[/embed]