Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Како и зошто НАТО ја бомбардираше Србија

(ВИДЕО) Како и зошто НАТО ја бомбардираше Србија

Илјадници жртви и огромна материјална штета претрпи Србија во бомбардирањето што НАТО го изведе пред точно седумнаесет години.

На 24 март 1999 година започна  бомбардирањето во СРЈугославија од НАТО Алијансата без одобрување на Советот за безбедност на ОН. Околу 2 500 жртви и многу материјална штета беше резултатот од  78 дневното бомбардирање.

Денеска се навршуваат 17 години од почетокот на бомбардирањето на НАТО на Србија во име на заштита на цивилното население и на терористите, како еден вид предупредување за да се запрат репресиите против борците за независност меѓу албанското население на Косово.

Потоа следуваа остри критики од светската јавност обвинувајќи ги силите на Алијансата дека неоправдано употребиле сила. Во нападите тешко беа оштетени клучни објекти во земјата, а за напад врз цивилно население користена е муниција со осиромашен ураниум и касетни бомби кои се забранети со Женевската конвенција.

Интервенцијата на НАТО заврши во јуни со повлекувањето на српските сили од Косово кое тогаш беше ставено под администрација на ООН.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/QS1jJHqBc18[/embed]
Слично

Поврзани вести