Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео: Како Џон Кенеди победи на првата дебата и го посрамоти Никсон

Видео: Како Џон Кенеди победи на првата дебата и го посрамоти Никсон

Претседателските дебати во САД се веќе долга традиција која е атракција за телевизиската публика, но во 60-тите малкумина очекувале дека ТВ дуелот ќе биде пресуден за изборите. Џон Кенеди и Ричард Никсон ја имале честа да бидат први кои ќе се судрат преку телевизија, но еден од нив бил доволно лукав за да ја освои јавноста.

Како што е добро познато Кенеди важел за голем шармер со младолико момчешко лице додека пак Никсон кој е постар од него не бил толку привлечен за ТВ публиката. Пред да почне дебатата претставници на Кенеди му рекле на кабинетот на Никсон дека тој нема да се шминка за да не изгледа како девојче. На таа мамка загризале советниците на Никсон и тој ја одбил ТВ екипата која требало да го нашминка. 

Кенеди секако тоа добро го искористил, нанел пудра која ја користат телевизиските водители и на црно-белиот екран изгледал одлично, додека пак изразите на лицето на Никсон биле очајни, тој се препотувал и станувал се понервозен во дебатата. На тој начин Кенеди станал фаворит, а се останато е историја.


Слично

Поврзани вести