(ВИДЕО) КАКО ДРОГА: Игра која создава зависност повеќе од хероин!
Мобилната игра 2048 создава зависност, се согласуваат психолозите, но и корисниците, кои признаваат дека со часови не можат да се одвојат од оваа игра.
Всушност се работи за релативно едноставна игра, која се занимава со бројки и простор, слична на игрите како тетрис и пакман. Творец е 19-годишен италијански програмер Габриеле Чирули. Неговата идеја не е оригинална, но тој успеал дополнително да ја развие.
Трикот е во поврзување на бројки - со спојување на два исти броја се дуплира сумата за тој квадрат. Така поврзување на 2 и 2 дава 4, 4 и 4 - 8, а трикот е да се стигне до бројката 2048. Звучи лесно, но не е воопшто.
Според експертите, токму ова е причината што играта создава зависност и може да се смета за своевидна „компјутерска дрога“. Играта бара добро планирање и промислена стратегија. Но, тоа што наизглед е лесна, создава чувство кај играчите дека само што не успеале да ја совладаат и ги тера да играат одново и одново.
Еве за што станува збор:
http://www.youtube.com/watch?v=ayqhX9UA6FY
Слично
