(ВИДЕО) Како Австралиец преживеа три месеци во океан откако невреме му го оштети бродот?
Австралиец и неговото куче преживеале три месеци на океан. За да преживее, човекот јадел риба и пиел дождовница.
Станува збор за морнарот Тим Шедок, кој сега е во стабилна состојба. Шедок, 51-годишен маж од Сиднеј, и неговото куче Бела во април тргнале од Мексико за Француска Полинезија. Но, по неколку недели подоцна невреме го оштетило нивниот брод. Оваа недела ги забележале од хеликоптер, по што ги спаси брод. Лекар, по спасувањето, изјавил за австралиски „9Њуз“ дека Шедок има „нормални витални знаци“.
Шедок го почнал патувањето долго повеќе од 6.000 километри од мексиканскиот град Ла Паза. Но, набрзо тој се изгубил на океанот откако лошото време ја уништило електрониката на бродот. Поради тоа тој и неговото куче Бела останале да пловат во Пацификот. Кога конечно го пронашле покрај брегот на Мексико неколку месеци подоцна, Тим бил многу послаб.
„Само ми треба одмор и добра храна бидејќи долго време бев сам на море. Инаку, јас сум во добра здравствена состојба. Имам многу добри лекови, се грижат за мене многу добро“, рекол Шедок.
Успеал да избегне изгореници така што се засолнил под настрешницата на својот брод. Лекар специјалист објаснил дека Тим ќе почне да закрепнува така што на почетокот ќе му се даваат мали порции храна.
Имаше и случаи кога луѓе издржуваа по неколку дена на отворено море.
foto printskrin
