Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Кадиров: Зошто тие гадови да живеат, ние ќе одиме во рајот, а тие во пеколот

(ВИДЕО) Кадиров: Зошто тие гадови да живеат, ние ќе одиме во рајот, а тие во пеколот

Повторно чеченскиот лидер Рамзан Кадиров упати закани кон целиот свет. Според него, секогаш постои можност да се притисне копчето и да се каже „селам алејкум“.

Тој му се закани на Западот. Вели дека Русија никогаш нема да дозволи да губи битки.  Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи го сподели видеото со Кадиров.

„Русија никогаш нема да дозволи да изгуби ниту една битка, можеме да притиснеме копче и тоа ќе биде селам алејкум за сите. Како што вели нашиот претседател, дали навистина ни треба свет без Русија? Зошто да им се дозволи на тие гадови да живеат, а ние да не можеме да живееме? Нека нè снема сите, ние ќе одиме во рајот, а тие во пеколот“, рече Кадиров.

Герашченко постојано објавува видеа од руски пропагандисти кои се закануваат со уништување на Франција, Британија и други земји. Вчера тој објави видео од пијана жена во Русија која исто така се заканува дека ќе го уништат светот. 

Откако почна војната во Украина, Кадиров тврдеше дека за 24 часа ќе ја порази Украина. Медиумите неодамна објавија дека тој заминал на одмор. 


Слично

Поврзани вести