Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Кадиров вели дека сака да умре во света војна во Украина со своите деца

(ВИДЕО) Кадиров вели дека сака да умре во света војна во Украина со своите деца

Алаху акбар, сонувам јас и моите деца да умреме во оваа света војна, вели чеченскиот лидер Рамазан Кадиров. 

Тој ги повика сите муслимани и христијани да се здружат во „светата војна“ против Украина и рече дека сонува да умре во неа, заедно со своите деца.

„Ги повикувам сите муслимани, сите белци во Чеченија, ајде да направиме баталјони заедно. Јас ќе ве снабдувам, ќе ве облекувам, ќе ве вооружам... Мора да се борите, да ги браните интересите на нашиот сакан пророк, на Куранот, државата, суверенитетот“, вели Кадиров во видеото. 

Од видеото се гледа дека тој самиот се снима додека лежи на кауч. Вели дека треба да ги покорат на корена и да ги натераат да молат за прошка. Руските војници заминуваат од Херсон, а украинските сили вратија уште едно гратче на југот од земјата. 

Инаку, тој претходно се фалеше дека неговите деца вооружени се шетаат во Мариупол, град кој е под контрола на Русите. Но, тој призна и дека имаат големи загуби во Херсон и на други боишта. 


На мобилизираните руски војници им порача да не кукаат, туку ако немаат оружје да земат од Украинците. 


Слично

Поврзани вести