(ВИДЕО) Кадиров се сликаше со млад пејач, а потоа нареди да го убијат?
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров се фотографирал со пејач, а потоа наредил да го убијат поради неговата сексуална ориентација.
Популарен чеченски пејач за кој долго време се веруваше дека е убиен како дел од „геј-чистката“ во руската република, е мачен и егзекутиран по наредба на Кадиров откако чеченскиот лидер „лично се уверил“ за неговата сексуална ориентација. Зелимхан Бакаев (25) живеел во Москва и стекнал популарност надвор од регионот на Северен Кавказ, каде исчезнал во август 2017 година откако се вратил дома за да присуствува на свадбата на неговата сестра. Групите за човекови права алармираа поради неговото исчезнување, предупредувајќи дека тој најверојатно е цел на тековната „геј-чистката“ во претежно муслиманскиот регион, пишува Дејли Бист. Чеченските власти тврдат дека тој побегнал во Европа, додека Кадиров, понекогаш наречен „војник на Путин“ поради неговата силна поддршка за рускиот претседател Владимир, сугерираше дека Бакаев го убиле членови на семејството кои се срамеле од неговата сексуална ориентација.
Сега „NC SOS Crisis Group“, организација за човекови права која и помага на ЛГБТИК+ заедницата во Северен Кавказ, објави дека чеченската служба за безбедност го следела пејачот со задача да утврди дали е геј или не. Неименуван извор близок до Кадиров опиша како чеченскиот лидер, откако дознал за сексуалната ориентација на Бакаев, тоа го сфатил како „лична навреда“, бидејќи тој и младиот пејач претходно се ракувале.
Телото е предадено на неговото семејство, на кое властите им рекле „да го закопаат како куче“, велат од „NC SOS Crisis Group“.
Исчезнувањето на Бакаев и неговото убиство, го привлекоа светското внимание и ја повика Русија да истражи што се случило со него. Поради зголемениот притисок на јавноста, чеченската државна телевизија посочи на две очигледно изведени видеа на „YouTube“ како доказ дека тој е жив и здрав и е во Германија.
Неколку месеци подоцна, во јануари 2018 година, Кадиров се појави да потврди дека Бакаев е мртов и понуди детален опис на неговото убиство.
„Тие знаеја што прави нивниот братучед. Нема ли никој во селото, никој во семејството што може да признае дека го направил тоа? Тие многу добро знаат кој им бил роднина – изјави Кадиров пред да го нарече Бакаев, „суштество“.
Хусеин Бакаев, таткото на Зелимхан, ги негираше тврдењата на Кадиров. Неодамна во Чеченија, група Чеченци претепале руска новинарка и го изболе адвокатот кој бил со неа.
45-годишната новинарка рече дека околу 10 до 15 напаѓачи ја претепале со пластични цевки. Милашина, која долги години покриваше кршење на правата во Чеченија, рече дека властите рутински користеле такви цевки за да ги напаѓаат затворениците во Чеченија.
foto Twitter
