Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Кадиров прави склекови во емисија

(ВИДЕО) Кадиров прави склекови во емисија

Низ социјалните мрежи се рашири видео од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров како прави склекови за време на гостувањето во емисија на руската телевизија.

Видеото го објави американската новинарка Џулија Дејвис, која ги следи руските медиуми во екот на инвазијата на Украина.

„Во меѓувреме во Русија, Рамзан Кадиров реши да ги импресионира сите обидувајќи се да направи склекови“, напиша Дејвис во описот на видеото.


Во телевизиското студио беше и придружбата на чеченскиот лидер, која со аплауз ги поздрави неговите склекови.

Кадиров е силен поддржувач на руската инвазија на Украина, а на почетокот на октомври најави дека во војна ќе испрати тројца негови малолетни синови.

Украинската служба за безбедност во средината на ноември распиша потерница по Кадиров, а информациите за тоа беа споделени на веб-страницата на украинското Министерство за внатрешни работи.

Слично

Поврзани вести