Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Кадиров: Не ми е јасно зошто би имало гужва дури и во случај на моја болест?

(ВИДЕО) Кадиров: Не ми е јасно зошто би имало гужва дури и во случај на моја болест?

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави видео на кое тој ги негира информациите од социјалните мрежи дека е во лоша здравствена состојба.

Како што јави Ројтерс, на прашањето за коментар за наводите дека 46-годишниот Кадиров се лекува во Москва, Кремљ неделава одговори дека нема информации. 

Меѓутоа, на видеото објавено на Телеграм каналот на Кадиров, тој се гледа како седи покрај човек за кој вели дека е „нашиот драг вујко Махомед Абдулхамидович Кадиров“ и го удира во раката и главата. Не е јасно кога е снимено видеото.

„Слава на Семоќниот, жив сум и здрав и воопшто не ми е јасно зошто би имало гужва дури и во случај на моја болест?“, стои во објавата која наводно ја напишал Кадиров.

Портпаролите на Кадиров не возвратија на повеќе повици од Ројтерс претходно оваа недела за да ги коментираат извештаите дека чеченскиот лидер е болен.

Украинската тајна служба на 15 септември објави дека чеченскиот лидер наводно е во тешка состојба и паднал во кома. Претходно, медиумите пишуваа дека Кадиров има проблеми со бубрезите. 


Слично

Поврзани вести