Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Јутјубер раскажа како изгледа да се живее во стан од 9 квадрати во Париз

(ВИДЕО) Јутјубер раскажа како изгледа да се живее во стан од 9 квадрати во Париз

Кирија за стан од 9 квадрати во француската престолнина Париз чини 750 евра. Да се живее во овој град воопшто не е евтино. 

Гарсоњера може да се најде за цена од 1.000 до 2.400 евра. Млад Јутјубер, попознат по прекарот Тимвикс, живеел во Париз во микро-стан и раскажа како изгледа да се престојува во толку мал простор. Тоалет нема во станот, туку тој е во ходникот и го дели со соседот.  Станот има кревет, шпорет со мијалник и мал фрижидер, биро - па дури и туш кабина. Има и место за складирање на лични предмети - од облека до прехранбени производи, тенџериња и слично. Просторот е мал, но сепак не изгледа лошо. Јутјуберот од станот има поглед на Ајфеловата кула. Инаку, Франција пред неколку години беше земја со најголем број туристички посети во светот. 


Слично

Поврзани вести