(ВИДЕО) Јункер се појави на прес-конференција со еден црн, и еден кафеав чевел
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер ја напушти заедничката прес-конференција со шефот на јужноафриканската држава, Сирил Рамафозо.
Според твитерџиите, причина за ваквата постапка на Јункер е тоа што „носел чевли со разлина боја“.
Британскиот таблоид „Сан“ наведува дека на снимка од прес-конференцијата се гледа дека Јункер носи „еден црн и еден кафеав чевел“, додавајќи дека, сепак, најверојатно таквиот впечаток се добил поради светлината што паѓала врз нив, затоа што кога излегол на споредбата врата од салата за прес-конференција било видливо дека неговите чевли се црни.
Тој подоцна изјави дека ја напуштил прес-конефренцијата поради „напад на кашлица“, со цел да не кашла во салата.
Jean Claude Juncker has left a press conference half way through with South African President. Not sure why pic.twitter.com/XNXoeUS27x
— Mehreen (@MehreenKhn) November 15, 2018
