(ВИДЕО) Јато птици го исцртаа ликот на Путин во небото над Њујорк
Во Русија ликот на претседателот Владимир Путин не е необична глетка. Весниците, плакатите, маиците, кориците, графити - претседателот е буквално насекаде. Но рускиот телевизиски канал „Ѕвезда“ го забележа ликот на Путин и на небото над Њујорк.
Весникот „Вашингтон пост“ пишува дека телевизијата е позната по строгите патриотски ставови и не е изненадувачки факт дека „Ѕвезда“ го препознала лицето на лидерот во контурите на рој птици кои летаат над мегаполис.
Видеото, кое е објавено на „YouTube“ од корисник со ник „Sheryl Gilbert“, само за неколку дена доби огромна популарност. Токму „Sheryl Gilbert“ тврди дека клипот е снимен во Њујорк, а телевизијата додава дека тоа може да е и мудрата монтажа.
Коментарите под видеото се дека „тоа било предупредување до САД дека не треба да почнат војна со Русија“. Според друг корисник „Путин ги подмитил американските птици“.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/B5OsI5Yowps[/embed]