Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) „ЈАС СЕ СМЕНИВ, АМА ТИ НЕ“: Еве како му одговори Зеленски на новинарот што минатиот пат го прекори за облеката

(ВИДЕО) „ЈАС СЕ СМЕНИВ, АМА ТИ НЕ“: Еве како му одговори Зеленски на новинарот што минатиот пат го прекори за облеката

На последната средба меѓу двајцата лидери во февруари, тој носеше многу полежерна облека, а новинарот Брајан Глен од конзервативниот канал Real America's Voice отворено го праша зошто не носи одело, велејќи дека ова е највисоката институција во земјата.


Вчера, по 19 часот, започна билатерална средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Пред средбата со украинскиот претседател и европските лидери, Трамп рече дека денес е исклучително важен ден за САД, нарекувајќи го „одличен ден“ и „голема чест“.

Тој го пречека Зеленски во Белата куќа, а потоа седнаа во Овалната соба, каде што се случи интересна ситуација. Имено, украинскиот претседател дојде на средбата во поформална облека отколку што е навикнат светот - сè уште без класично одело и вратоврска, но во елегантен црн воен костум.

На последната средба меѓу двајцата лидери во февруари, тој носеше многу полежерна облека, а новинарот Брајан Глен од конзервативниот канал Real America's Voice отворено го праша зошто не носи одело, велејќи дека ова е највисоката институција во земјата, а тој не се облекува соодветно, пишува Политико. Зеленски одговори: „Ќе носам одело кога ќе заврши војната. Можеби како твоето, можеби подобро“.


Глен го започна состанокот овој пат со комплимент: „Претседателе Зеленски, изгледате одлично во тоа одело“, рече Глен, на што Трамп веднаш додаде: „И јас го кажав истото“.

Потоа Глен додаде: „Изгледате добро“, а Трамп повтори: „И јас го кажав истото. Се сеќавате? Тоа е човекот што ве нападна минатиот пат. Гледате? Сега е фин човек“. Зеленски се насмеа на тоа и кратко одговори: „Се сеќавам“.

Глен ја искористи можноста да се извини: „Се извинувам. Изгледате одлично“. Но, Зеленски возврати, забележувајќи со насмевка: „Но, ти си во исто одело. Гледаш, јас се сменив, ти не.“ На што Глен одговори: „Можеби твоето е многу подобро од моето.“

Елвира Гасанова, една од дизајнерките на Зеленски зад неговите препознатливи јавни појавувања, за Политико изјави дека претседателот „моментално е во фаза каде што секој детаљ е важен - изглед, расположение, емоција - и затоа внимателно ја избира облеката што најдобро одговара на неговата улога и моментот“.

Вечерњи.хр

Слично

Поврзани вести