(ВИДЕО) ЈА ОТКРИВА КОРОНАТА ЗА САМО 30 СЕКУНДИ - нов израелски пронајдок
Израелската компанија Nanoscent разви тест за коронавирус кој трае само 30 секунди, објавија државните власти на својот официјален профил на Твитер.
„Трае 30 секунди или помалку: како пишување на твит, плаќање на сметка со кредитни картички и сега, благодарение на израелската компанија Nanoscent, тестирање за коронавирус“, стои во твитот од државата Израел.
Како што е објаснето во приложеното видео, лицето кое е тестирано прво дува воздух од носот во пластична кеса низ цевка. Потоа, ја поврзува кесата исполнета со воздух од носот со специјалниот уред развиен од Nanoscent.
Уредот потоа го извлекува воздухот од кесата и го анализира за присуство на коронавирус во неа. Уредот е безжично поврзан со паметен телефон, кој го прикажува резултатот од тестот за неколку секунди.
Овој брз тест користи технологија од израелската компанија Nanoscent за да ја анализира структурата на мирисот во воздухот издуван од носот за да се утврди присуството на вирусот.
„Исто како што имате препознавање на слика, така и сега имаме препознавање на мирис. Тестот го открива мирисот што е реакција на човечкото тело на„ Ковид-19 “, објасни Орен Гаврили, директор на „ Nanoscent “.
Во првичните тестови спроведени во Израел, оваа технологија покажала точност од 80 до 85 отсто.
Погледнете го видеото.
Things that take 30 seconds or less: composing a tweet, paying your credit card bill and now thanks to Israeli company Nanoscent, taking a #Coronavirus test.
— Israel ישראל (@Israel) August 26, 2020
Watch ⬇️ pic.twitter.com/si3LWTa3Om
