Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЈА НАЈДОА СО ДНК АНАЛИЗА: Бебе кое е спасено од урнатините во Турција конечно во прегратките на својата мајка

(ВИДЕО) ЈА НАЈДОА СО ДНК АНАЛИЗА:  Бебе кое е спасено од урнатините во Турција конечно во прегратките на својата мајка

Во Турција бебе кое има само два месеци е спасено откако 128 часа беше под урнатините во провинцијата Хатај по силниот земјотрес во февруари.

Детето по скоро два месеци повторно е со својата мајка. Во земјотресот беше повредена мајката на бебето, Јасмин Бегдас, додека таткото и двајцата браќа загинале, пишува Анадолија. Медицинските сестри на бебето му дале име Гизем. Бебето подоцна со претседателскиот авион од Адана е пренесено во Анкара, а по прегледот во градската болница во Етлик, беше сместено во дом под Министерството за семејство и социјална помош. Министерството ја пронајде мајката на бебето преку ДНК анализа. Мајката уште се лекува. Во земјотресот во Турција загинаа над 50.000 луѓе. Имаше и многу медиумски извештаи за животни, домашни миленици кои со денови беа под урнатините, по што спасувачите ги извадија. Земјотресот ја погоди и Сирија каде загинаа неколку илјади луѓе. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести